Yusuf Hatip
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Абдула Бозкурт, ФЕТО бегалец, кој на социјалните мрежи прави негативна пропаганда против Турција, овојпат преку својот профил на Твитер, во САД се пожали на турскиот народ кој протестира за одлуката на американскиот претседател Трамп за признавање на Кудс за „главен град на Израел”, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдула Бозкурт, поранешен дописник од Анкара на затворениот медиум „Today's Zaman“ на ФЕТО, напиша скандалозни изјави против народот кој излезе на улица во знак на протест на одлуката на американскиот претседател Трамп за Кудс.
Бозкурт, по кого е распишана потерница во Турција поради членување во терористичка организација, преку социјалните мрежи ја објави следната изјава: „Протестите во Турција против САД и Израел се спроведуваат од страна на семејната фондација на Ердоган ТУГВА, провладини групи, турски Хезболах и некои групи поврзани со Ал Каеда”.
Бозкурт, член на ФЕТО, нелагодноста која ја чувствува поради достоинствениот став што турскиот народ го прикажа во знак протест на одлуката за Кудс, на социјалните мрежи ја изрази преку следните зборови: „Демонстрантите коишто протестираа против САД и Израел во градот Адана, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, бараат од воената база Инџирлик да бидат отстранети единиците на НАТО кои под водство на САД се борат против ДЕАШ. Демонстрациите, покрај Хезболах и Ал Каеда, организирани се и од групата Водечка генерација”.
- Приговор за „палењето на израелското знаме” -
Бозкурт на својот Твитер профил продолжува на англиски јазик да ги објавува своите коментари: „Лидери во организирањето на протестите се семејството на Ердоган, турски Хезболах и Ал Каеда. Се пали израелското знаме, се бара затворање на воената база Инџирлик, за Трамп се вели дека е ционистичко куче”, се дел од зборовите на Бозкурт во својата негативна пропаганда против Турција.
Организацијата ФЕТО е позната по тоа што во секои чувствителни теми околу Палестина и Кудс, ја зазема страната на Израел. И во случајот со бродот со хуманитарна помош „Мави Мармара“, повторно, наспроти обесправениот народ на Газа, ја зазема израелската страна и ги споделуваше нивните изјави.
- Голем број реакции -
По изјавите кои Бозкурт ги сподели на социјалните мрежи, стотина лица преку Твитер испратија пораки со реакции. Едно лице, пишувајќи му на Бозкурт дека изјавите се „застрамувачки” го наведе следното: „Ќе бидете споменувани како лице кое не само што ја предаде сопствената држава, туку и како лице кое го предаде исламот и се дружи со непријателите на исламот. Тој срам и понижување се доволни за вас на овој свет”.
- Наведена и смртта на рускиот амбасадор Карлов -
Бозкурт, три дена пред атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, имаше објавено текст под наслов: „Турција повеќе не е безбедна за амбасадорите”.
Бозкурт со овој текст, три дена пред атентатот врз Карлов го најави вооружениот напад којшто следеше.