Savaş Güler
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
КОНЈА
Во подрачјето на турскиот град Конја, минибус кој превезувал земјоделски работници кон местото Јунак се судри со шлепер. Во несреќата животот го загубија 7 лица, а 11 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
На една раскрсница на патот Конја - Анкара доаѓа до сообраќајка меѓу минибус со земјоделските работници и шлепер. На местото на несреќата животот го загубиле возачот на минибусот и уште 5 лица.
Возачот на шлеперот и уште 11-мина повредени се префрлени во различни болници во околината. Во болница починало и 10 годишно момче кое се наоѓало во минибусот, со што бројот на жртвите во несреќата се зголеми на 7.