Ali Murat Alhas
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ДИЈАРБАКИР
Вкупно 44 осомничени лица се приведени во Турција денес поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ПКК, вклучувајќи ги поранешните градоначалници од Народната демократска партија (ХДП), јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата се извршени во рации на безбедносните сили во областите на Дијарбакир, Истанбул, Измир, Батман и Шанлиурфа, откако судските власти издадоа налози за приведување на 64 осомничени лица.
Налозите за приведување се издадени во согласност со истрагата покрената од обвинителите во југоисточната област Дијарбакир врз основа на нивните имиња кои се наоѓаат на документи на Конгресот за демократско општество (ДТК), група поврзана со ПКК.
Меѓу приведените се наоѓаат осомничените Мехмет Демир и Насиде Топрак, градоналници членови на ХДП, како и други официјални претставници од партијата.
ХДП се обвинува дека е поврзана со терористичката организација ПКК.
Безбедносните сили се во потрага по останатите осомничени.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.