Admir Fazlagikj
09 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера во Истанбул се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот Иванов, на средбата двајцата претседатели изразиле задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
„Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за претстојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција”, се вели во соопштението.
Се додава дека македонскиот претседател изразил сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при уривање на зграда животот го загубија повеќе лица.
„На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа”, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.