Büşra Nur Bilgiç
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска го пречека грчкиот министер за миграции, Ѓоргос Кумуцакос, со кого разговараше за кризата во Источниот Медитеран, јавува Anadolu Agency (AA)
Сојлу и грчкиот заменик-министер за миграциска политика, Кумуцакос, разговараа и за миграциските политики меѓу двете земји.
Посетата на Кумуцакос се случи по растот на пристигнувањата на мигранти во Грција.
Сојлу, во текот на денот ќе се состане и со неговиот германски колега Хорст Зихофер, францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер и со комесарот на ЕУ за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос.
„Околу 77.400 илегални мигранти пристигнаа во Европа со преминување преку Медитеранот оваа година, од кои 45.600 пристигнаа во Грција - повеќето од Шпанија, Италија, Малта и администрацијата на кипарските Грци“, се вели од Агенцијата за бегалци на ОН.
Сојлу вчера изјави дека околу 315.000 илегални мигранти кои имале за цел по илегален пат да преминат во Европа, биле задржани низ Турција во првите девет месеци од оваа година.
Во 2016 година германската канцеларка Ангела Меркел се залагаше за Договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција со надеж дека ќе го запре приливот на бегалци, откако пристигнаа речиси милион бегалци во Германија.
ЕУ вети помош од 6 милијарди евра за подобрување на условите за живот на сириските бегалци во Турција. Но до јуни годинава исплатени се само 2,22 милијарди евра.
Земјите членки на ЕУ, исто така, ветија дека за секој Сириец кој се вратил во Турција од грчките острови, друг Сириец ќе биде преместен од Турција во ЕУ, како дел од планот за преселување.
Но, темпото на враќање во Турција од грчките острови според Договорот е бавно во голема мерка поради долгите правни процедури и административните проблеми во Грција.
Од 2016 година, земјите членки на ЕУ прифатија само околу 20.000 сириски бегалци од Турција.
Во моментов Турција е домаќин на околу 3,6 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот. Според официјалните податоци, Анкара досега потрошила 40 милијарди долари за бегалците.