Elvir Hociç
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
БИХАЌ (АА) - Тенисерите на селекцијата на БиХ денес ја совладаа Турција во мечот парови кои се одигра во рамките на вториот круг на Дејвис купот и поведе со вкупен резултат од 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
За парот на селекцијата на БиХ денеска одиграа Мирза Башиќ и Томислав Бркиќ кои ја прославија победата со 3:0 во сетови против туркисот пар Туна Алтун и Кем Илкел.
Резултатот по сетови изгледаше вака 6:2, 6:4, 6:1 во корист на Босна и Херцеговина, а станува збор за мечот кој вчера беше одложен поради дождот.
Претходно Џумхур со 3:1 во сетови го победи Икела, а Бачиќ изагуби со 2: 3 од Илах.