Hamdi Çelikbaş
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција (ТВС) извршија воздушни напади врз упориштата на терористичката организација ПКК и нејзините ограноци на планината Синџар во северен Ирак и на планината Карачок во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека терористите на ПКК и припадниците на ирачките и сириските ограноци на таа организацијата во последните години интензивно во Турција носат терористи, оружје и експлозиви и така претставуваат сериозна закана за безбедноста.
Во соопштението се наведува дека терористите и криумчареното оружје се користени во низа терористички напади на позициите на турските безбедносни сили, вклучувајќи го и последниот терористички напад кој е извршен низ тајно ископан тунел во полицискиот комплекс во Дијабакир.
Покрај северноирачката планина Кандил, карпестите падини на планините Синџар и Карачок станаа главни гнезда на терористичката мрежа ПКК.
„Користејќи го меѓународното право на самоодбрана, зачувувањето на суверенитетот, целоста и безбедноста, а со цел неутрализација на терористичките гнезда, турските вооруженисили синоќа во два часот по локално време извршија воздушни удари на позициите на терористите на планините Синџар и Карачок", се наведува со соопштението на Генералштабот.
Во соопштението исто така се наведува дека турските сили ќе ја продолжат одлучната борба против терористичките организации во таа земја и на подрачјето на соседните земји се додека во потполност не ги неутрализираат терористичките закани по народот и државата.