Ekipa
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган во разговорот истакнал дека воената операција која е планирана да се изведе источно од реката Еуфрат ќе придонесе за мирот и стабилноста на Сирија и ќе го отвори патот за политичкиот процес во Сирија.
Ердоган во телефонскиот разговор исто така посочил дека заштитата на правата и интересите на сирискиот народ, од аспект на Турција се значајни, и дека Турција го цени конструктивниот став на Руската Федерација во овој процес.