Büşra Nur Bilgiç
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 109 терористи на ПКК низ 12 турски области спречувајќи ги нивните планирани напади во претстојниот зимски период, се соопштува од турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се додава дека за време на операциите се неутрализирани и високи припадници на ПКК.
„Регрутирањето во терористичката организација драстично опадна, бидејќи многу членови побегнаа од нејзините канџи“, се додава во соопштението.
Бројката на терористите на ПКК во рамките на границите на Турција опадна под 500.
За време на операциите од страна на турските сили беше запленето и големо количество муниција, а уништени се и складишта за оружје и засолништа.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.