Yıldız Nevin Gündoğmuş
16 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одделот за комуникации при турското Претседателство преку соопштение потврди дека турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Путин разговарале телефонски, за билатералните односи, како и за регионални прашања.
Ердоган во телефонскиот разговор укажа на придонесот на операцијата „Извор на мирот“ во борбата против тероризмот, во заштита на територијалниот интегритет на Сирија и во процесот на политичко решение.