Cüneyt Karadağ,Erbil Başay
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
БЕРЛИН (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел во врска со вчерашните терористички напади во Истанбул, рече дека нападот бил показател дека сите заеднички треба да се спротивстават на тероризмот, јавува Anadolu Agency (АА).
Меркел во Берлин денеска се сретна со алжирскиот премиер Абдул Малик Селал, а на заедничката прес-конференција се осврна и на терористичкиот напад кој се случи утрово во Истанбул, во кој загинаа 10, а беа повредени 15 луѓе.
Таа испрати порака со сочувство до семејствата на загинатите во нападот, истакнувајќи дека меѓународниот тероризам во Истанбул, како што претходно го имаше во Париз, Тунис и Анкара го покажа своето лице на чудовиште што е ирелевантно за човековото достоинство.
"Уште еднаш сме сведоци дека е неопходна заедничка борба против тероризмот", рече Меркел.
Од Министерството за внатрешни работи во Турција соопштија дека турскиот премиер Ахмет Давотоглу остварил телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, во кој разговор ѝ пренеле дека повеќето од загинатите во утринскиот напад се државјани на Германија.
Давутоглу во таа пригода изрази жалење и сочувство до семејствата на загинатите германски државјани.
Терористичкиот напад во Истанбул го осуди и Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, кој истакна дека денеска во Истанбул е извршен напад на еден варварски и кукавички начин. Тој додаде дека неговата земја е со Турција, како и дека Министерството за надворешни работи формира кризен штаб, кој е во контакт со турските власти, преку амбасадата и конзулатот на Германија во Турција.