Erkan Avci,Meltem Bulur
29 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Британската премиерка Тереза Меј денеска во Анкара порача дека со Турција е покренато ново стратешко партнерство, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј зборуваше на прес-конференција по состанокот со турскиот премиер Бинали Јилдирим во палатата Чанкаја, во главниот град на Турција Анкара.
Меј изрази задоволство бидејќи по посетата на САД имаше прилика да престојува во Турција.
„Една од најголемите потешкотии со кои ние денеска сме соочени се наоѓа токму на границата со Турција. Тоа е посебно битно од аспект на нашата борба против тероризмот. Турција многу ни помага во борбата против тероризмот, посебно по прашањето на странските војници кои ја напуштаат Сирија", рече Меј.
Нагласи дека денеска е покренато ново стратешко партнерство и додаде дека тоа ќе придонесе во темите на споделување на информации, безбедноста во воздухопловството и внатре во земјите.
„Ова партнерство посебно ќе и помогне на Турција, бидејќи се повеќе е под опасноста од терористички напади. Да не заборавиме дека во последните 18 месеци се убиени повеќе од 1.500 турски војници и припадници и безбедносните сили", истакна Меј.
Меј упати благодарност до Турција која до сега прими преку три милиони сириски бегалци, велејќи дека и нејзината земја на тој план дава се од себе.
Потсетувајќи дека денеска помеѓу двете земји е потпишан рамковен договор за соработка на развивање на национален борбен авион, Меј истакна дека освен трговски договор, тоа е показател на подлабока стратешка соработка.
Запрашана зошто коалициските сили не пружаат поддршка на Вооружените сили на Република Турција во акцијата на сирискиот град Ал-Баб, Меј одговори:
„Ние им пружаме поддршка на турските сили."