Fatma Bülbül
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Вкупно 18 терористи на ДЕАШ се неутрализирани во северниот дел на Сирија во текот на последните 24 часа, како дел од офазнивата „Штитот на Еуфрат“, соопшти денес турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили, исто така, уништија 18 позиции на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, истакна турскиот Генералштаб на 159. денот од операцијата.
Турските авиони уништија три стрелачки позиции, четири контролни пунктови, два подземни тунели, а девет објекти.
Од почетокот на операцијата деминирани се 3.431 рачно изработени експлозивни направи и 55 мини.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август за зајакнување на пограничната безбедност, елиминирање на заканата од тероризмот долж сириско-турската граница, како и поддршка на опозициските сили во Сирија. Како дел од операцијата, Умерената сириска опозиција е поддржана од страна на турската артилерија и авиони.