Burcu Arik
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ФЕТО им даде нови инструкции на своите членови да се прикријат и да не дозволат полицијата да ги открие, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор на АА откри дека членовите на ФЕТО неодамна добиле нови инструкции преку кодираната мобилна апликација „Фалкон“ (Falcon) во врска со мерките за начините на кои можат да ја избегнуваат полицијата.
Челниците на терористичката организација ФЕТО, ултимативно им наредиле на членовите да ги уништат своите мобилни телефони во случај на соочување со полицијата.
„Наш приоритет е да ги уништиме мобилните телефони во тешки ситуации“, гласи една од пораките, кои членовите на ФЕТО ја добиле.
На членовите на ФЕТО им е издадена и наредба да внимаваат дали полицијата ги следи во случај да патуваат со приватни возила.
Наредено им е да избегнуваат телефонски разговори и да не се задржуваат никаде со вклучени мобилни телефони или таблети.
Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, за во 80-тите години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во овие институции, а на 15 јули, а во 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
За време на неуспешниот обид за воен удар во Турција, беа убиени најмалку 250, а ранети 2.200 лица. Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против оваа терористичка организација, чиј лидер е Фетула Ѓулен.