Handan Kazancı
15 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, ја одложи планираната посета на Вашингтон поради актуелниот процес на промената во врвното раководство на американскиот Стејт Департмент, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на 19 март требаше да ја предводи турската делегација во официјална посета на Вашингтон, а неименуван дипломатски извор за АА потврди дека посетата е одложена поради неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го замени државниот секретар Рекс Тилерсон.
Одлуката за отпуштање на Тилерсон, Трамп ја соопшти во понеделникот, и најави дека на таа функција ќе го именува досегашниот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео.
Турскиот министер за надворешни работи, вчера изјави дека Турција сака да ја продолжи соработката и со новиот американски државен секретар.
Турција и САД имаат низа отворени прашања, меѓу кои и односот кон групата ЈПГ во Сирија, која Турција ја смета за огранок на терористичката организација ПКК, а САД ја гледаат како доверлив партнер во борбата против терористите на ДЕАШ.