Talip Demirci,Ayşe Yıldız
20 Јули 2023•Ажурирај: 21 Јули 2023
АНТАЛИЈА (АА) - Во подрачјето на Каш во турската област Анталија се фатени 84 нерегуларни мигранти, пренесува Анадолу.
Тимовите на Командата за крајбрежна безбедност се упатија кон местото каде што е откриено дека се наоѓа група странци во местото Инону.
Како резултат на операцијата на тимовите на крајбрежната безбедност и жандармеријата, фатени се 84 лица, меѓу кои и деца, со потекло од Иран, Ирак и Авганистан, кои се качувале на брод.
Исто така, приведени се и седуммина осомничени за кои се сомнева дека се шверцери на мигранти.
Нерегуларните мигранти се пренесени во Командата за крајбрежна безбедност, а потоа ќе бидат предадени во градската Дирекција за миграција.