Fatih Ulaş
13 Мај 2023•Ажурирај: 14 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Во турската метропола Истанбул се одржа Голема балканска средба на која присуствуваа голем број официјални лица и претставници од регионот на Балканот и турски политичари, јавува Анадолу.
На средбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу.
Пред присутните телефонски се обрати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Нека нашиот Господар го направи нашето единство трајно. Би сакал да кажам дека се надевам дека нашето долго патување ќе го достигне својот врв не само денес туку и по недела“, рече Ердоган и додаде:
„Се надевам дека ќе се гордеете со иднината на целиот Балкан и тој регион. Во мојата молитва барам нашето единство да биде трајно. Мојата молитва е уште повеќе да зајакнеме и да го продолжиме ова наше патување. Ве поздравувам сите најсрдечно.“
Граѓаните на Туркије утре, 14 мај, ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори и ќе избираат меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а над 4,9 милиони турски граѓани ќе гласаат првпат.
Гласачките места утре ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони. Избирачките места претходно беа отворени надвор од Туркије, во 75 држави и 156 претставништва на земјата во странство. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се регистрираа за гласање од странство.