Necva Taştan
04 Септември 2023•Ажурирај: 05 Септември 2023
ЧАНАККАЛЕ/ИСТАНБУЛ (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 129 нелегални мигранти во Егејското Море, пренесува Анадолу.
Триесет и три од мигрантите се спасени од гумен чамец кај Ајваџик во турската област Чанаккале и 25 кај Кушадаси во областа Ајдин, објави Командата на Крајбрежната стража.
Исто така, 71 мигрант во гумен чамец во близина на Измир беа спасени откако грчките сили ги истуркале во турските територијални води, соопшти Командата на Крајбрежната стража.
Мигрантите се пренесени во градската Дирекција за миграција.
Туркије и глобалните групи за права во неколку наврати ја осудија нелегалната практика на Грција за туркање на мигрантите, велејќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите мигранти, вклучително и жени и деца.