Ferdi Türkten
27 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Министерката за семејни и социјални прашања на Република Турција, Фатма Бетул Сајан Каја, денес во Анкара изјави дека во претседателскиот систем, извршната, законодавната и судска власт дејствуваат во потполна координација, но истовремено и независно, јавува Anadolu Agency (AA).
Каја беше гостин на денешниот уреднички колегиум на АА во Анкара, каде што одговараше на прашањата на новинарите и уредниците на АА од сите делови на светот, и се осврна на актуелните случувања во Турција.
Таа се осврна и на процесот за воведување претседателски систем во Турција.
„Се работи за еден многу ефикасен систем во кој законодавната, извршната и судската власт се во една потполна координација, но истовремено дејствуваат независно“, истакна Каја.
Таа нагласи дека овој систем на избраниот претседател ќе му овозможи овластувања врз чија основа тој побрзо ќе донесува одлуки.
„Парламентот исто така ќе усвојува закони, но во исто време и на еден начин ќе ја преиспитува извршната власт. Ние му веруваме на нашиот народ и мислиме дека ќе одлучи избраниот претседател во потполност да ги користи овие овластувања“, нагласи Каја.
Таа додаде дека турскиот народ на 15 јули минатата година ја спасил земјата од државен удар, односно ја извлекол од темница, и порача дека верува оти народот повторно ќе го даде најдобриот одговор кога се во прашање уставните промени.