Hakan Mehmet Şahin
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Турската полиција заплени 13 килограми сканк кој е пронајден во камион кој дошол од Бугарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на Одделот за борба против криумчарење на дрога при Полициската управа на Едрене извршија успешен претрес на камион кој на територијата на Турција влегол преку граничниот премин „Капикуле“.
Во камионот се пронајдени и запленети 13 килограми сканк, дрога добиена од генетски модифицирана марихуана.
Возачот на камионот, А. С. е лишен од слобода, како и уште две лица кои се товарат за криумчарење на дрога.