Fecri Barlık
20 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
СИРТ (АА) - Како резултат на одлучната кампања на жандармеријата во Сирт, југоисточна Турција, тројца високи припадници на терористичката организација ПКК се предадоа на безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, ефикасната решителна борба на безбедносните сили која се води во Турција и надвор од Турција, го забрза распаѓањето на терористичката организација.
Командата на жандармеријата во Сирт, од една страна спроведува успешни операции против терористите, од друга страна контактира со семејствата на припадниците на терористичката организација за нивните деца да се предадат на безбедносните сили.
Како резултат на ваквата кампања на безбедносните сили, тројца високи функционери на терористичката организација ПКК се предадоа на Командата на жандармеријата во Сирт.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.