Murat Kaya İstanbul
11 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција приведе уште три лица поради сомнеж за поврзаност со терористичкиот напад во центарот на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА, откако на 7-ми јуни беа приведени четири лица, истиот ден по нападот, турската полиција денес приведе уште три лица поради поврзаност со терористичкиот напад во Везнеџилер, во самиот центар на Истанбул.
Во терористичкиот напад извршен со автомобил-бомба на полициско возило, загинаа 11 лица, меѓу кои седум полицајци и четири цивили. Во нападот се ранети 36 лица, меѓу кои две лица се во критична состојба.