Zehra Nur Düz
29 Ноември 2023•Ажурирај: 30 Ноември 2023
КАЈСЕРИ / АНКАРА (АА) - Турски воен авион со осум тони лекови и медицински материјали за жителите на Појасот Газа денес слета во Египет кој граничи со енклавата, јавува Анадолу.
Авионот освен медицинска помош, на аеродромот „Ел Ариш“ на Синајскиот Полуостров донесе и група од девет здравствени работници.

Авионот ќе се врати во турската престолнина Анкара со Палестинци заболени од рак и со ортопедски проблеми, меѓу кои и петмесечно повредено бебе.
Рано утринава авионот полета од централната турска област Кајсери.

Медицинскиот тим ќе обезбеди лекување на повредените во соработка со египетското Министерство за здравство.
Туркије досега испрати 11 авиони со 700 тони хуманитарна помош и медицински материјали, брод, осум теренски болници и 20 амбулантни возила на аеродромот „Ел Ариш“ во Египет за Газа.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денес изјави дека турските медицински тимови пристигнати во градот Газа завршиле со идентификување на соодветни локации за поставување теренска болница.
„Во следната фаза планираме да обезбедиме здравствени услуги за повредените и болните Палестинци на самото место“, истакна Коџа.