Muhammed Enes Çallı
19 Декември 2023•Ажурирај: 20 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска во Анкара оствари средба со ирачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Фуад Хусеин, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
На состанокот присуствуваа и турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, и неговиот ирачки колега Табет ал-Абаси.
Други информации во врска со средбата досега не се соопштени.