Diyar Güldoğan
11 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, денес се сретна со турските бизнисмени во Алжир во рамки на неговата дводневна посета на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите бизнисмени го даваат најважниот придонес во развојот на нашите економски односи со Алжир. Претприемништвото на нашите бизнисмени и квалификуваноста на нашите работници нè прават светски бренд“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Чавушоглу вчера ја започна својата посета на Алжир за да копретседава со првиот состанок на заедничката група за планирање.
На заедничката прес-конференција со неговиот алжирски колега Рамтане Ламамра, Чавушоглу истакна дека над 1.400 турски компании инвестирале повеќе од 5 милијарди долари во северноафриканската земја.
„Ние работиме заедно за да ја зголемиме не само нашата трговија, туку и нашите инвестиции овде, до ниво од 10 милијарди долари“, додаде турскиот министер.