Ferhat Yasak
12 Ноември 2023•Ажурирај: 13 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили фатија експерт за бомби на терористичката организација ДЕАШ во Истанбул, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.
Во заедничка операција, полицијата и турското разузнавање го фатија осомничениот, идентификуван со иницијалите А.Ј.А. во подрачјето на Султанбејли во Истанбул, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.
Додаде дека осомничениот бил вклучен во обука на припадниците на терористичката организација во изработка на експлозиви, кои ги користеле во терористичките напади во Сирија и Ирак.
Полицијата заплени пет бомби со СИМ-картички и други уреди кои експлодираат со далечински управувачи, како и дигитален пропаганден материјал и документи на организацијата.
Осомничениот од полициската станица е процесуиран до надлежниот суд.
Во 2013 година, Туркије беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, терористичката организација во земјата изведе најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади во кои загинаа над 300 лица, а стотици беа повредени.
Како одговор, Туркије започна антитерористички операции во земјата и странство за да спречи понатамошни напади.