Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Јуни 2020•Ажурирано: 05 Јуни 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку четворица терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани во воздушна операција во регионите Хафтанин, Авашин и Зап, каде што беа пронајдени преку активностите за извидување и надзор“, се соопштува од Министерството на Твитер.
„Антитерористичките операции во регионот продолжуваат без никаков прекин“, се додава во соопштението.
Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак каде што планираат прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.