Handan Kazancı
05 Јуни 2020•Ажурирано: 06 Јуни 2020
ИЗМИР
- Турската полиција денеска приведе најмалку 68 осомничени лица за поврзаност со терористичката ФЕТО, организација којашто стои зад обидот за пуч во 2016 година во Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата под обвинение за користење на апликацијата „БајЛок“ (ByLock), смартфон-апликација за комуницирање преку шифрирани пораки, се случија откако од канцеларијата на јавниот обвинител беа издадени налози за приведување на 31 лице“, изјавија извори кои побараа да не бидат именувани.
Турските безбедносни сили исто така во друга антитерористичка операција во Анкара приведоа уште 37 осомничени припадници на ФЕТО.
Според соопштението издадено од канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара, приведувањата се случиле откако биле издадени налози за апсење на 37 осомничени припадници на ФЕТО под обвиненија дека се членови на вооружена терористичка организација.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.