Muhammed Nuri Erdoğan
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на турската операција „Маслинова гранка“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се наведува дека во областа каде што беше спроведена операцијата „Маслинова гранка“ херојските командоси на Турските вооружени сили (ТСК) неутрализирале четворица терористи на ПКК/ЈПГ, од кои еден бил од Кандил, северен Ирак.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.