Dilara Hamit
20 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ХАТАЈ (АА) - Турските хуманитарни агенции испратија седум камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија, каде што на милиони луѓе им е потребна помош поради внатрешните конфликти во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помошта која вклучува брашно, вода и храна, од различни турски области донесена е на границата на подрачјето Јајладаги во Хатај, и е подготвена за испраќање во Сирија.
Помошта ќе биде поделена меѓу семејствата коишто живеат во шаторите во руралните делови на Идлиб.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон учесниците на продемократските протести.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во војната стотици илјади луѓе се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.
Идлиб се наоѓа во деескалационата зона во рамките на договорот склучен меѓу Турција и Русија.
Во подрачјето честопати беше воспоставуван прекин на огнот, што често беше прекршуван од страна на режимот на Асад и неговите сојузници.