Mehmet Tosun
04 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за национална одбрана објавено на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека операциите против терористите кои се обидуваат да се инфилтрираат во областа на „Извор на мирот“ продолжуваат.
Во објавата, исто така, се нагласува дека турските командоси неутрализирале 4 терористи на ПКК/ЈПГ при обид да навлезат во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“, за да ја нарушат атмосферата на мирот и безбедноста во регионот.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.