Ahmet Gençtürk
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ИЗМИР
Тим на турски научници и археолози откри остатоци од Храмот на Афродита стар 2.500 години на подрачјето Урла-Чешме, на западот на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како резултат на скрининг на површина од 1.600 квадратни метри која покрива делови од областите Урла, Чешме и Сеферхисар во Измир, откриени се 35 населби од праисториската ера, вклучувајќи 16 од доцниот неолитски период.
Елиф Копарал од Универзитетот Мимар Синан, која ги води ископувањата на тоа подрачје рече дека е откриена значајна општествена и економска мрежа.
„Во текот на прегледот на површината го откривме Храмот на Афродита од 6 век п.н.е. Тоа е фасцинантно и импресивно откритие"; наведе Копарал.
Афродита е древна грчка божица поврзана со љубовта, уживање, страста и размножувањето.
Исто така наведено е дека првите траги од храмот се откриени уште во 2016 година.
Обрнувајќи внимание на заканата која ја претставуваат илегалните ловци на богатството и урбанизацијата на историските места, Корапал рече дека нејзиниот тим соработувал со локалното население во заштита на археолошкото богатство.