İsmet Karakaş
19 Април 2021•Ажурирај: 20 Април 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека со воздушни операции неутрализирани се 9 терористи на ПКК во областа Метина во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На Твитер профилот на Министерството се истакнува:
„Продолжуваме да ги уништуваме дувлата на терористите. Со успешните воздушни операции ва Воздухопловните сили неутрализирани се 9 терористи на ПКК во областа Метина во северен Ирак. Нашите операции ќе продолжат со решителност.“
Терористите на ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак и оттаму планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.