Cemil Murat Budak
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Турција неутрализираа двајца терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција се наведува дека продолжуваат одлучните и ефикасни акции против терористите на ПКК.
„Во воздушната акција во рамките на операцијата Канџа-Молња на северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК“, пишува во соопштението.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади на Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.