Gözde Bayar
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа повеќе од 100 терористи во јули, изјави официјален владин претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на месечниот брифинг, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Турција, Исмаил Чатакли изјави дека земјата неутрализирала 105 терористи, вклучувајќи на 80 на ПКК/КЏК, 23 терористи на ДЕАШ, двајца членови на левичарската терористичка група.
Чатакли додаде дека петмина од нив се наоѓале во сивата категорија на листата на барани терористи издадена од Министерството за внатрешни работи, со награда од 500.000 турски лири за секој од нив.
Листата на барани терористи се дели во пет категории според бојата: црвена - најбарана категорија, по која следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
„Одлучни сме во елиминирањето на тероризмот од дневниот ред на нашата земја“, изјави Чатакли, нагласувајќи дека неговата земја продолжува да се бори против тероризмот без прекин.
„Турција во јули има спроведено 11.057 антитерористички операции во руралните области и 1.509 во покраинските области“, изјави тој.
За време на операциите, вкупно 48 пештери и засолништа кои ги користеле терористите се уништени, а запленети се 40 мини, 610 килограми експлозиви, 60 оружја и неколку видови на муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.