Halil İbrahim Sincar
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
МАРДИН (АА) - Во руралните предели на месноста Омерли, во рамките на операцијата против терористичката организација ПКК, во пластично буре откриени се 150 килограми експлозив и монтирана рачно изработена експлозивна направа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Гувернерството се вели дека тимовите на обласната жандармерија, на 19 јануари, во руралните подрачја на месноста Омерли извршиле пребарување на теренот при кое се откриени 150 килограми експлозив, 80 метри бакарен кабел, облека на терористите, храна и средства за живот.
Во продолжение на соопштението се истакнува дека сеопфатните операции против терористите продолжуваат, со цел осигурување на мирот и безбедноста на населението во подрачјето.