Diyar Güldoğan
21 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - „Турција ја продолжува борбата против сите терористички организации, во и надвор од нејзините граници“, истакна денес турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Продолжуваме со борбата против терористичките организации и нивните припадници, меѓу кои се ПКК, ЈПГ, ПЈД, СДГ и ДЕАШ, а особено со терористичката организација ФЕТО, и дома и во странство“, изјави Акар во своето обраќање пред студентите на Универзитетот за национална одбрана во главниот град Анкара.
Акар нагласи дека борбата на Турција одлучно ќе продолжи додека не се неутрализира последниот терорист.
Министерот рече дека не постои разлика меѓу терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.
Турскиот министер нагласи и дека Армијата треба да биде ефикасна и ценета, не само за справување со заканите, туку и за иднината на Турција.