Mehmet Tosun
21 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори од Кабинетот на турскиот претседател соопштија дека двајцата лидери, освен за билатералните односи, разговарале и за случувањата во Сирија.
Ердоган во таа пригода се осврнал на терористичкиот напад во сириски Мунбич, во кој загинаа и американски војници, и изрази сочувство. Тој додал дека станува збор за провокација насочена кон влијание врз одлуката на САД за повлекување од Сирија.
Ердоган рече дека Турција, без губење време, е подготвена да го преземе воспоставувањето на безбедноста во Мунбич, и порача дека нема да дозволи активности на ПКК и неговите сириски ограноци насочени кон дестабилизација на североисточниот дел на Сирија.
Двајцата лидери се согласни во однос на отстранувањето на остатоците од ДЕАШ во Сирија и во преземањето заеднички мерки со кои ќе се спречи неговото повторно појавување.
Согласни се и кога станува збор за советувањата кои започнаа со средбите на началниците на Генералштабовите на војската на Турција и САД, а се однесуваат на безбедносната зона во Сирија, како и за зголемувањето на обемот на трговската размена.