Sarp Özer
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК), по извојуваните победи на југот од Турција во рамките на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, ги завршија подготовките за операцијата насочена источно од Еуфрат.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, Турција, која не води борба против тероризмот само во рамките на своите граници, туку и надвор од нив, во согласност со правото на самоодбрана кое произлегува од член 51 од Конвенцијата на Обединетите нации, на 24 август 2016 година ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“, со цел неутрализирање на терористите присутни во северниот дел на Сирија, на чело со ДЕАШ, кои претставуваа закана за Турција и обезбедување на сигурноста на границите.

Во првиот ден од операцијата во Сирија беше ослободен Џарабулус, место наспроти турскиот град Каркамиш на југот од земјата, додека на 23 февруари 2017 година, по 217 дена турската војска од рацете на ДЕАШ го ослободи и Ел Баб, со што меѓу двата града од терористите беше ослободена територија на населени места со површина од 2.055 километри квадратни.
Турските вооружени сили беа единствена војска која во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ се бореше гради в гради со терористичката организација ДЕАШ. Во период од седум месеци, неутрализирани се повеќе од 3.000 милитанти на ДЕАШ. На тој начин турските војници го започна процесот на колапс на терористичката организација, овозможувајќи регионот да се ослободи од оваа закана.
Откако тогашниот премиер Бинали Јилдирим на 29 март 2017 година го прогласи завршувањето на операцијата, единиците на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска (ССВ) се фокусираа во обезбедување одредени услови со цел на ослободените територии да се вратат раселените цивили.
Во тие рамки својата должност ја започнаа илјадници цивилни полицајци кои беа обучени во Турција. Со цел во подрачјето да се врати животот во нормала, Турција даде голем придонес во обезбедувањето услови на полето на здравството, образованието и услугите, благодарение на што по две години од завршувањето на операцијата, бројката на популацијата во подрачјето достигна приближно 2 милиони.
- Наредната цел се терористичките гнезда во Африн
Наредната цел на Турција која успешно ја заврши операцијата „Штитот на Еуфрат“, беа терористичките гнезда во Африн кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија.
Турските вооружени сили (ТСК) на 20 јануари 2018 година ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“, со цел осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионите, неутрализирање на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, како и за спасување на пријателскиот и братски народ од притисокот и суровоста на терористите.
ТСК, операцијата ја започнаа во рамки на правата на Турција кои произлегуваат од меѓународното право, резолуциите на Советот за безбедност на ОН во врска со борбата против тероризмот, и правото за самоодбрана кое е вклучено во 51. член на Договорот на ОН. ТСК своите активности ги водеше во рамки на почитување на територијалниот интегритет на Сирија, како што направи и во операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Во рамки на операцијата, ТСК неутрализираа над 4.500 терористи, додека над 200 населени места ги исчистија од припадниците на терористичката организација, и обезбедија контрола врз зона на површина од 2.000 километри квадратни.
По успешното завршување на операцијата беа забрзани активностите за нормализирање на животот. Турските хуманитарни организации доставија хуманитарни пакети во сите ослободени места. Благодарение на гаранцијата која ја дадоа елементите на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска (ССВ), од 20 март 2018 година цивилите почнаа да се враќаат во нивните домови. За една година, населението на Африн надмина 350.000 жители.
Вкупно седум локални парламенти формирани по операцијата во Африн во центарот на градот и некои подрачја добија советување и поддршка од Турција во областа на економијата, индустријата, трговијата, културата, спортот, здравството и образованието. Преку поддржување на формирањето на локалните власти, локалното население почна само да управува во регионот.
Турските вооружени сили, кои водеа успешна борба против терористичките организации, сега ги завршија подготовките за нова операција во источниот дел на Еуфрат.
„Придонесувајќи во стабилноста и спокојството на нашиот регион, неопходно е да се формира безбедосна зона/коридор на мирот, со цел Сиријците да добијат безбеден живот. ТСК никогаш нема да толерираат да се формира терористички коридор на нашите граници. Завршени се сите подготовки за операција“, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција во врска со ова прашање.