Fatih Hafız Mehmet
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи, преку соопштение објавено денес, го осуди нападот во јужниот дел на Алепо во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го осудуваме пoдмолниот напад во подрачјето на Рашидин во Алепо, што резултираше со смрт на десетици луѓе, главно цивили“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека нападот уште еднаш ја покажа важноста од зајакнувањето на прекинот на огнот објавен на 30. декември 2016 година и проширувањето на примирјето на територијата на целата земја.
„Воспоставувањето на безбедни зони во Сирија е потребно со цел да се спречи повторување на слични хуманитарни трагедии“, се додава во соопштението.
Најмалку 100 лица загинаа во саботата, кога во напад во јужниот дел на Алепо беа погодени автобуси кои превезуваа Сиријци, евакуирани од два града под опсада режимските сили.