Cansu Dikme
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
ЕДЕРНЕ (АА) - Најмалку 67 мигранти и бегалци без документи се уапсени денес во северозападниот дел на Турција, тврдат безбедносни извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Изворот кој сакаше да остане анонимен изјави дека мигрантите и бегалците биле од Авганистан, Пакистан, Сирија, Мароко, Индија и Бангладеш. Тој додаде дека се обиделе илегално да преминат во Европа.
Апсењата се случија за време на инспекција на безбедносните единици во селата Боснаќој и Јеникадин во областа Едерне. Мигрантите и бегалците потоа им се предадени на органите задолжени за миграции.
Турција се наоѓа на главната рута на мигрантите кои сакаат да преминат во Европа, осоено од почетокот на граѓанската војна во Сирија.