Halil Demir
28 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во турскиот град Истанбул е извршена операција против терористичката организација ПКК, при што фатени се 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите од Дирекцијата за борба против тероризмот започнаа операции во рамки на разузнавачките информации дека ПКК планира да изврши активности во различни места и во различно време во Истанбул, и дека членовите на оваа организација биле мобилизирани за вршење истражување за местата каде што ќе бидат реализирани нивните активности.
Во рамки на истрагата, извршени се истовремени операции на 10 различни локации во градот.
Како резултат на оваа операција, приведени се 9 осомничени лица.
Во рамки на операцијата, запленети се еден пиштол, 6 куршуми и голем број документи и дигитални материјали на оваа организација.