Ali İhsan Çam
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА
Турција има намера да организира уште 105 летови од 72 земји за да на своите државјани им овозможи да се вратат во земјата пред почетокот на месецот рамазан, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за телевизискиот канал „НТВ" (NTV) Мевлут Чавушоглу рече дека во текот на глобалната пандемија на Ковид-19 во странство починале 342 турски државјани.
„Турција планира уште 105 летови од 72 земји за да ги врати своите државјани пред почетокот на рамазан. Досега повеќе од 25.000 граѓани се донесени во Турција од 74 земји", истакна Чавушоглу.
Додаде дека Министерството за надвошрени работи примило уште приближно 25.000 барања за враќање во земјата.
Чавушоглу рече и дека Извршниот одбор на Организацијата за исламска соработка ќе се состане следната недела на барање на Турција да разговара за пандемијата.