Ekipa
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција го критикуваше Извештајот на Европската комисија за Турција, велејќи дека одредени општи обвинувања и коментари насочени кон земјата се неприфатливи, јавува Anadolu Agency (AA).
„За жал, Европската комисија покажа дека уште еднаш не сака да ги разбере тешкотиите на периодот низ кој поминуваме“, се вели во соопштението на Министерството во однос на Извештајот за Турција за 2018 година и Документот за Стратегијата на ЕУ за проширување.
Се додава дека Комисијата не била во можност да биде објективна и избалансирана, иако Турција, овие прашања кои се поткрепени со документација, ги има објаснето неколку пати.
Во Извештајот, Европската комисија ја пофали миграциската политика на Турција, економскиот раст и зајакнувањњето на регионалната соработка, но, исто така, тврди дека постои сериозно отстапување од владеењето на правото, од основните слободи и од слободата на изразување.