Bedrudin Brlyavac
02 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
АТИНА (AA) - Грција поднесе итен план до Европската Унија (ЕУ) да организира и речиси со пола милијарда евра да и помогне во приемот на 100.000 бегалци на грчка територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјална Атина призна дека моментално не е во можност да се соочи со сите бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Грција.
"Не сме во можност да се соочимо со сите бегалци кои доаѓаат. Предадовме итен план до Европската комисија за прием на 100.000 бегалци", изјави портпаролката на грчката Влада Олга Геровасили.
Според тој план, на Грција и се потребни 480 милиони евра, бидејќи, како наведоа грчките власти, во таа земја моментално се наоѓаат 23.000 бегалци.
Грција досега предвидуваше дека ќе прими од 50.000 до 70.000 бегалци.
Состојбата на македонско-грчката граница е многу напната бидејќи повеќе од 7.000 бегалци се блокирани поради строгите мерки на контрола и приемот на бегалците и мигрантите долж балканската рута.