Emin Avundukluoğlu
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Според денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Турција, турските безбедносни сили неутрализирале 20 терористи на ПКК/КЏК во рок од една недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека безбедносните сили спровеле 222 операции низ земјата, против терористичките организации ПКК/КЏК, ДЕАШ и ФЕТО.
Во соопштението исто така се вели дека за време на операциите, меѓу 9 и 15 јануари, 11 терористи на ПКК биле неутрализирани, а пак тројца од нив се предале и шестмина биле притворени.
„Притворени се вкупно 419 осомничени лица за помагање на терористичката група ПКК, а 40 од нив се задржани во притвор“, се вели во соопштението.
Во операциите исто така се уништени и 23 засолништа и скривалишта, како и две импровизирани експлозивни направи.
Безбедносните сили исто така запленија и 130 килограми од супстанција што се користи за изработка на експлозив, 19 гранати, како и 130 пиштоли, вклучувајќи и 19 автоматски пушки.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, и ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015 година. Оттогаш е одговорна за смртта на речиси 1.000 припадници на безбедносниот персонал и цивили, вклучувајќи жени и деца.
15 од 72 осомничени лица се притворени под сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ.
Во текот на истиот период, 409 од 839 осомничени лица се поврзани со терористичката организација ФЕТО се ставени зад решетки и го чекаат судењето.
Предводена од Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО се товари за обидот за државен удар што се случи на 15 јули минатата година во Турција, како и за водење долготрајна кампања со цел да ја собори власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.
Во неуспешниот обид за државен удар загинаа 248 лица, а речиси 2.200 беа повредени.