Muhammed Enes Can,Murat Kaya
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Одделот за борба против тероризмот и организираниот криминал на Обвинителството во Истанбул издаде налог за апсење на Грахам Е. Фулер, поранешен службеник на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Соединетите Американски Држави, во рамките на истрагата за монтирани процеси на терористичката организација ФЕТО и во врска со обидот за пуч на 15 јули минатата година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Истанбул денес го потврди барањето на Обвинителството во коешто се наведува дека осомничениот Фулер се бара поради нарушување на уставниот поредок, обид за соборување на Владата на Република Турција или оневозможување на нејзиното функционирање, користење на тајни државни информации со цел политичка или воена шпионажа.
Со истата истрага се опфатени и бизнисменот Осман Кавала, Хенри Џ. Баркеј (Hanry Jak Barkey), учесник на состанокот на којшто е планиран пучот во јули 2016 година, Мезин Топуз, службеник на американскиот конзулат во Истанбул, и поранешниот пратеник во турскиот Парламент од редовите на Републиканската народна партија (ЏХП), Ајкан Ердемир.