Yeşim Sert Karaaslan
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
АНКАРА (АА) - Властите на Република Турција испратија помош во медицинска опрема на Иран, кој е меѓу земјите најтешко погодени од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство на Турција соопшти дека заменичката на министерот, Емине Алп Меше, и иранскиот амбасадор во Анкара потпишале договор за испорака на помош во медицинска опрема, потребна за спроведување на планираните мерки за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19.
Според потпишаниот документ, Турција испратила помош за Иран, која меѓу другото содржи илјада сетови за тестирање на луѓето за коронавирус, 4.715 заштитни комбинезони, 20.000 заштитни престилки, 2.400 очила, 4.000 маски од типот N95 и 78.000 трислојни маски.
Помошта испратена до Иран е во согласност со одлуката што претходно ја донесе турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за испраќање помош во лекови, вакцини и медицински апарати и опрема за 86 држави.
Во Иран со коронавирусот се заразени 14.991 лице, а починаа 853 лица.