Behçet Alkan
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, која е еден од важните туристички центри во Турција, во првиот месец од пролетта е покриена со снежна покривка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кападокија е позната по самовилските оџаци, долините со природни карпести формации, историските манастири издлабени во карпи, како и по подземните населени места.
Во синоќешните часови во ова туристичко место имаше врнежи од снег во интервали, а врнежите од снег станаа поинтензивни во ноќните часови.
Самовилските оџаци беа покриени со снежна покривка, со што настана убав поглед.
Туристите што се наоѓаа во подрачјето се фотографираа на снежниот пејзаж, а ги посетија и историските, културните и природните места.