Serdar Açıl,Barış Kılıç
23 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Kазнениот суд во Анкара го осуди Насир Ескиоџак на 53 казни доживотен затвор поради планирање и извршување на терористичките напади во Рејханли, во близина на Хатај, на 11 мај 2013 година, во кои загинаа најмалку 53 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлука на судот, Ескиоџак беше прогласен за виновен за кривично дело „рушење на националното единство и интегритетот на земјата“ и за убиство на 53 лица, меѓу кои и пет деца.
Ескиоџак доби вкупно 53 казни доживотен затвор.
Исто така, беше прогласен за виновен за кривичните дела „обид за убиство“, „нелегално поседување експлозивни направи“, „предизвикување повреди“, и „нанесување штета на јавна сопственост“.
Во турската област Рејханли, во близина на градот Хатај, на 11 мај 2013 година беа извршени два напади со возила наполнети со експлозив. Еден автомобил експлодира пред зградата на општината Рејханли, а другиот во близина на поштата.
Во експлозиите загинаа 52 лица, а еден од повредените почина во болница. Повеќе од 100 луѓе беа повредени. Беше предизвикана голема материјална штета и на јавните и на приватните објекти.